
Тројца пилоти на американската армија загинаа откако два хеликоптери Апачи се урнаа во централна Алјаска додека се враќаа од обука, јави Вашингтон пост доцна синоќа, цитирајќи воени претставници.
Хеликоптери АХ-64 Апачи од Форт Вејнрајт, американска воена база во Алјаска, се урнаа во близина на Хили, соопшти 11-та воздушно-десантна дивизија на Фејсбук.
„Првата помош е на лице место. Инцидентот е под истрага“, соопшти воената единица.
Минатиот месец девет војници загинаа во пад на два медицински хеликоптери за евакуација Блек Хок за време на рутинска ноќна мисија над Кентаки.