
На социјалните мрежи брзо стана хит видеото на кое претседателот на Република Српска Милорад Додик го навредува Новак Ѓоковиќ и неговото семејство во студиото на Јавниот сервис на Србија (РТС).
Коментирајќи ја организацијата на турнирот „Српски oпен“, кој неодамна се одржа во Бања Лука, Додик меѓу другото рече дека Ѓоковиќ и неговото семејство се „тешка циганија“, по што најави јавно извинување со порака дека е „наместен “.
Засега се огласи само Срѓан Ѓоковиќ, кој на прашањето на порталот „Н1“ само кусо одговори:
„Немам коментар!“.