
Лажните вести и блокадата на опозицијата во Собранието не можат да ја запрат градбата, само ја поскапуваат и пролонгираат. Од пратениците зависи дали автопатите ќе се градат побрзо и поевтино или побавно и поскапо вели првиот вицепремиер Артан Груби во објава на социјалните мрежи.
„Со истиот посебен закон, со истиот договор, фирмата ‘Бехтел – Енка’ гради и во Србија, каде државните органи денеска пуштија во употреба дел од автопатот. Кај нас специјалниот закон го изгласа Собранието, со истата фирма е склучен договор за изградба на коридорите 8 и 10-Д, а неделава Владата плати 117 милиони евра за аванс и мобилизација. Лажните вести и блокадата на опозицијата во Собранието не можат да ја запрат изградбата, само да ја зголемат цената и да го продолжат рокот за завршување“, напиша Груби.