
Македонскиот ракометен шампион Вардар веќе го договори и првото засилување за наредната сезона, откако реши да го ангажира српскиот ракометар Марко Срдановиќ, јавува српскиот весник „Спортски Журнал“.
Станува збор за 25-годишен играч кој настапува на позицијата лево крило и кој веќе потпишал договор на „една плус една година“ со македонскиот првак.
Во ситуација кога Талески е на излезна врата кон Бенфика, се најавува дека и Дејан Манасков летово ќе го напушти Вардар и ќе се реши за нов ангажман во странство. Срдановиќ најверојатно ќе го заземе местото токму на Манасков.
Срдановиќ доаѓа од Металопластика и извесно време помина на калење во тимот на Леотар од Требиње, по што пред три години се врати назад во Шабац и оттогаш е стандарден во таборот на својот тим.