Велешанец со автомобилот излетал од пато

Во саботата во 11.20 часот на улицата „1“ во скопското село Ржаничино патничко моторно возило „фолксваген голф“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 36-годишниот Л.Л. од Велес, излетало од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Л.Л. кој бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.