
Околу 6.000 луѓе, главно жени, побегнаа од Судан во Централноафриканската Република од почетокот на конфликтот меѓу суданската армија и паравоените сили, соопшти УНХЦР.
Во таа бројка околу 70 отсто се жени, 15 отсто девојчиња, 10 отсто мажи и околу 400 државјани на Централноафриканската Република, соопшти УНХЦР, а тоа го потврдија и претставници на агенцијата во ЦАР. Милиони Суданци се блокирани во конфликт откако избија борби меѓу војската и паравоените сили на 15 април. Во досегашната војна, според официјалните податоци, загинале 528 лица, а 4.599 се ранети, а овие бројки се сметаат за многу пониски од реалните.
Централноафриканската република, која е меѓу најсиромашните земји во светот дели граница со Судан во нејзината североисточна провинција Ваканга.