Опожарена куќа во Шемшово

Во неделата во 17.30 часот во Полициско одделение Јегуновце е пријавено дека околу 17.00 часот во селото Шемшово настанал пожар на куќа сопственост на 63-годишниот Б.Ш.(63) од истото село, при што опожарена била кровната конструкција.

Пожарот е изгаснат од противпожарната единица Тетово, а при гаснењето со повреди се здобил сопственикот Б.Ш..