
Седумдесет иосумгодишен пациент во Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина во Скопје, во неделата починал откако паднал од височина.
Како што соопшти МВР, настанот бил пријавен вчера во 18,15 часот во СВР Скопје.
„Во Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина ’13-ти Ноември’ Скопје, на подрачје на Ѓорче Петров, нивниот пациент М.С.(78) од селото Иванковци, велешко, паднал од висина. Од лекар од итна медицинска помош е констатирана смрт“, наведуваат од МВР.
По наредба на Јавен обвинител телото е предадено за обдукција.