
Искршена е новата плоча со имињата на осумте припадници на безбедносните сили, кои загинаа во маскарот кај Вејце, а беше поставена таму на 28 април од политичката партија Левица.
– Со племенски манири, територијални претензии и никаков соживот нема чекор кон Европа и светот. Во 21 век кога светската цивилизација претендира да се колонизора на Марс, Албанците од Tетово преку вандализам и рушење на сé што е македонско се враќаат во камено доба. Имено, осквернавени се поставените плочи во чест на масакрираните бранители во Вејце од 2001 година, кои ги поставија лидерите на Левица, Апасиев и Крмов, но и другите присутни. Секоја година сликата е иста, а државниот врв е нем и глув на уринирањето врз историјата и државноста од страна на албанското малцинство кое дивее врз државата која ги храни и вдомила. Сите функционери целите кон Европа и Запад, а самите знаете дека со ваков „соживот“ не се оди никаде. Се сликате по медиуми и со претставници на европската заедница, а општеството ви е труло. Вечна им слава на македонските бранители, гробот вечно ќе им се знае, бидејќи не можете толку да искршите колку што ние може да поставиме – велат од Левица.
Во петокот повеќе претставници на партии, организации, здруженија, МВР, Армијата и други оддадоа почит кон војниците и полицајците на местото каде ги загубиле животите во 2001 година во близина на Вејце.
На 28 април 2001 беа убиени четворица припадници на воената единица „волци“ и полицајци при ОВР Битола – Роберт Петковски (27) Игор Костески (26) Миле Јаневски (30) Бобан Трајковски (28), Марјан Божиновски (27), Илче Стојановски (24) Бошко Најдовски (25) и Кире Костадиновски (24).