
Владата денеска ja разгледа и ја усвои Информацијата во врска со потребата – Законот за следење на комуникациите и Законот за Агенција за национална безбедност, од надлежност на Министерството за внатрешни работи да преминат во надлежност на Министерството за правда.
Како што се наведува во соопштението од владината прес-служба, констатирано е дека Министерството за правда е ресорно министерство за Законот за следење на комуникациите и Законот за Агенција за национална безбедност и носител на активностите при нивно евентуално изменување, односно донесување нови.
-Во образложението на Министерството за внатрешни работи е наведено дека Законот за следење на комуникациите, беше донесен во април 2018 година, како резултат на спроведени суштински реформи на безбедносно-разузнавачките служби, а со цел имплементација на препораките на Групата високи експерти за системски прашања од владеење на правото во врска со следењето на комуникациите (препораките на Прибе), се наведува во соопштението.