
Пациентите со цистична фиброза денес ќе протестираат во 12 часот пред Министерството за финансии. Тие бараат одговор од надлежните институции, до каде е набавката на лекот „трикафта“ и со законските измени да забрза набавката на лекот.
Претседателот на Асоцијација за цистична фиброза, Фики Гаспар рече дека неофицијално на Влада поминала одлуката, уште 18 пациенти да го добијат лекот и тоа е за поздравување, но апелираат, овој лек да дојде до сите заболени пациенти.
Во моментов, „трикафта“ примаат само 12 лица.