Големото срце на Лука Дончиќ: Toj ќе ги плати погребите на жртвите во Белград

Да се биде врвен спортист е една работа, но покрај тоа да се биде и извонредно човечко суштество, тоа е нешто што не им успева на многумина. Еден од малкумината великани со чисто срце дефинитивно е Лука Дончиќ, кој реши да покрене хуманитарна акција за да им се помогне на семејствата на жртвите од страшното пукање во Белград  во кое вчера во основно училиште животот го загубија осум деца.

Словенецот се понудил да ги плати трошоците околу погребите на починатите, но и да им излезе во пресрет на сите оние на кои ќе им биде потребна стручна помош за надминување оваа хорор-случка.

„Ме боли срцето по трагичниот настан со пукањето во училиштето во Србија и загубените животи, меѓу нив и оние на невини ученици. Моите мисли се со семејствата на жртвите. Преку мојата фондација, ги разгледуваме сите опции за експресна помош на оние на кои им е најпотребна. Исто така, бараме начин за долгорочна помош на студентите, училиштето и семејството, на сите оние на кои дефинитивно ќе треба да им се подаде рака во овие тешки времиња. Ќе објавам повеќе детали штом бидат договорени“, објави Дончиќ.