
Коста К. вчера направи крвав масакр во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар кога уби девет лица.
Како што дознава порталот Република.рс, по грозоморното злосторство, мајката и помалата сестра биле пренесени на безбедна локација.
-Жената и помладата сестра на Коста се однесени на друга адреса. Има некој во станот, но никој не отвора, вели еден од соседите на семејството.
Сосетка вели дека се што е лошо кажано за нив е лага, а Коста бил дете од првиот брак на докторот.
Соседите велат дека семејството има жена која се грижи за домаќинството, како и дека станот им е голем и убаво уреден.
Коста е од угледно белградско семејство. Неговиот татко е познат доктор, специјалист по радиологија, а мајка му е асистент на Биолошкиот факултет на Универзитетот во Белград.
Момчето исто така беше одличен ученик, одел на натпревари и сакал да стане астрофизичар.