
Кошаркарите на Работнички со убедлива победа од 80-53 се изборија за мајсторка против Гостивар во четвртфиналето од плеј-офот за шампионскиот трофеј.
Домашните доминираа во сите четвртина на мечот што се одигра во СРЦ Кале и предводени од
Џелетовиќ со 18 поени и 9 скока не дозволија противникот да фати резултатски приклучок. Двоцифрени беа Малешевиќ, Шошкиќ, Умпиг и капитенот Марковски.
Решавачкиот натпревар ќе се одигра во Гостивар. Мајсторки ќе има и на дуелите ТФТ- Еуроникел и Феникс – Пелистер.