
Холандската полиција уапсила во саботата повеќе од 150 навивачи, откако тие пред почетокот на дерби натпреварот меѓу Ајакс и АЗ Алчмар извикувале антисемитски пароли.
Амстредамската полиција не открива други податоци за уапсените и другите навивачи, меѓутоа, тамошните медиуми тврдат дека станува збор за гостинските навивачи на Аз Алкмар. Славниот холандски фудбалски великан, инаку, важи како клуб чии приврзаници се главно со еврејско потекло.
Навивачите пееле антисемитски песни во еден од вагоните на подземната железница на патот до „Јохан Кројф Арената“ во Амстердам. Полицијата објави дека во повеќе наврати барала од навивачите да престанат со извикување на антисемитски слогани. Кога тоа не се случило, бил запрен возот во амстердамското метро и биле приведени 154 лица.
Од АЗ во соопштение во неделата ги „отфрлија и осудија“ инцидентите, најавувајќи дека ќе соработуваат во полициската истрага.
„Клубот на го одобрува поттикнувањето и однесувањето на секаква форма дискриминација и одлучно се оградува од оние кои се виновни за тоа“, соопштија од АЗ Алкмар.
Дуелот меѓу Ајакс и АЗ Алкмар, инаку заврши со поделба на бодовите без голови. Ајакс е трет со 63 бодови, додека АЗ Алкмар е место подолу со два бода помалку. На три кола пред крајот на првенството се чини дека Феенорд со 76 бодови ја обезбеди 16-та титула во историјата, зашто второпласираниот ПСВ Ајндховен има осум бодови помалку.
Рекордер според бројот шампионски титули е Ајакс кој 36 пати бил шампион, додека ПСВ Ајндховен 24 пати бил победник во холандското првенство.