
Вниманието на ракометната јавност во Македонија од 11-ти до 13-ти мај ќе биде насочено во Охрид каде што ќе се играат завршните турнири во Купот на Македонија.
Датумите беа од претходно познати, а сега се објавни и саатниците на натпреварите.
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ:
11 мај
17:30, Еурофарм Пелистер – Пролет
20:00, Алкалоид – Вардар
12 мај
17:30, Металург – Куманово
20:00, Вардар – Ѓорче Петров
13 мај
15:00, финале жени
18:00, финале мажи
Билетите поединечно за сите полуфинални натпревари во машка и женска конкуренција се продаваат по цена од 100 денари, а за финалето по 200 денари. Може да се купат и блок билети за сите шест натпревари од 600 денари.