
Новата седмица во Македонија ќе започне со сончево претпладне сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе преовладува променливо облачно, на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на краткотрајно невреме.
Утринските температури се движат во интервалот меѓу 5 и 11 степени, додека максималните дневни соодветно ќе бидат од 17 до 25 Целзиусови степени.
Во Скопје и колината ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност, попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со појава на пороен дожд проследен со грмежи, краткотрајно и во вид на невреме. Температурата ќе достигне до 24 степени.