Серија А: Сампдорија и математички оди во понизок ранг

Udinese's Adam Masina (R) scores the goal during the Italian Serie A soccer match Udinese Calcio vs UC Sampdoria at the Friuli - Dacia Arena stadium in Udine, Italy, 8 May 2023. ANSA / GABRIELE MENIS

Реномираниот италијански фудбалски клуб Сампдорија следната сезона ќе игра во Серија Б, по поразот од Удинезе со 0:2 во рамките на 34-то коло од Серија А. Сампдорија ни математички не може да се спаси до крајот на сезоната.

Во преостанатите четири кола Сампдорија може да освои максимални 12 бода, но Верона моментално има предност од 13 бода на 17-то место, последно кое не води во Серија Б.

Сампдорија еднаш беше италијански шампион, во сезоната 1990/91, по што играше во финалето на Купот на шампионите, последното пред ова елитно натпреварување да стане денешната Лига на шампионите. Во тоа финале беа поразени од Барселона со 0:1, а решавачкиот гол го постигна Роналд Куман.

Удинезе, за кој целиот натпревар го одигра македонскиот репрезентатовиец Илија Нестороски, го дотолчи противникот со голови во првото полувреме. Најпрво Перејра со гол во деветтата минута го круниса брзиот и прецизен контранапад на домаќините, додека Масина со глава во 34 минута погоди за 2:0.

На последните седум натпревари Сампдорија забележа само две ремија и пет порази во Серија А.

Емполи пред своите гледачи ја совлада Салернитана со 2:1 со головите на Камбијаги во 37 и Капуто во 63 минута. Стрелец за гостите беше Полјакот Пјатек во 85 минута, во самиот финиш на натпреварот Пјаца постигна гол, но ВАР-от го поништи погодокот.