
Земјотрес со јачина од 4,2 степени е регистриран денеска во областа Коња во централна Турција, соопшти владината Дирекција за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД).
Според податоците на АФАД, земјотресот е регистриран во 2 часот и 14 минути, а епицентарот бил во градот Кулу, кој се граничи со областа Анкара. Неговата длабочина била 7,86 километри.
Земјотресот бил почувствуван и во соседните области.
Нема извештаи за штети или повредени.
Земјотресот во областа Коња загрижи многумина, бидејќи областа не е меѓу познатите сеизмички зони, објавија турските медиуми.