
Македонската машка ракометна репрезентација откако неодамна успешно ги заврши квалификациите во група со Португалија, Турција и Луксембург, денеска ги доби и противниците на Европското првенство во 2024 година.
На денешната ждрепка на која бевме сместени во третиот шешир немавме многу среќа и ја добивме групата „А“ во која од првиот шешир со нас ќе биде Франција, од вториот домаќинот Германија, а од четвртиот Швајцарија.
Натпреварите македонската репрезентација ќе ги игра во Берлин.
Eвропското првенство во Германија се игра од 10-ти јануари до 28-ми јануари