
При денешната посета на општина Велес претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за тоа што ЕУ замери за злоупотребата на европското знаменце и ставањето на законите на брза трака, а власта продолжува со постапките, истакна дека ВМРО-ДПМНЕ и пратеничката група ќе упатат допис до сите институции, не само во Македонија, и до амбасадите во Македонија на земјите членки на ЕУ, туку и до самата Европска Комисија, до претседателката и до оние кои се задолжени да промовираат европски вредности.
„Јас чекам реакција од канцеларијата на Европската Комисија, како и од амбасадорите на земјите членки на ЕУ, но некаква реакција, до овој момент нема. Очигледно дека тие се злоупотребени во овој процес или јас барем така сакам да верувам. Но, доколку остане тишина, односно нема реакција, тогаш основано можеме да се сомневаме дека станува збор за нешто друго. ВМРО-ДПМНЕ силно ќе се спротивстави на процесот на носење на овие закони на брза трака, бидејќи токму таа е и намерата на злоупотребата на ова европско знаменце. Но, нашите аргументи ќе ги кажеме таму за да може јавноста да ги слушне и силно ќе се бориме тие практично сда преовладаат за време на таа дебата. Истовременон ќе упатиме допис до сите институции во Македонија, до амбасадите на земјите- членки на ЕУ и до самата европска комисија, до претседателката, до оние кои се задолжени да промовираат европски вредности, за да видат како овде во Македонија, како земја кандидат, се кршат тие вредности. Наше е да ги предупредиме. Како ВМРО-ДПМНЕ не можеме да се бориме против цела Европа и Европска Комисија, против криминална власт и политичарите кои се дел од оваа коалиција на СДСМ поддржана од ДУИ, но треба да направиме се што е во наша моќ за да укажеме на јасното кршење на законите, уставот и процедурите и да упатиме со јасни факти на криминалниот карактер на овој тендер кој има за цел да отпочне со изработка на делови од коридорите 8 и 10Д. Проект кој започна со трошење на неколку стотици милиони евра народни пари за пенали и аванси, а гледате дека ниту лопата не е фрлена, ниту шајка е закована“, нагласи Мицкоски.