
Бројот на жртвите од вчерашниот напад што се случи во близина на синагога во Тунис се искачи на пет. Во вооружениот инцидент загинаа три лица од обезбедувањето и двајца верници, од кои едниот бил француски државјанин.
Нападот се случи среде годишниот аџилак на островот Џерба, кој привлекува стотици Евреи од Европа и Израел.
Нападот го изврши чувар на поморски објект во Џерба, кој прво пукал врз свој колега, а потоа неселективно отворил оган кон безбедносниот персонал лоциран во близина на синагогата.
Напаѓачот, пред да биде застрелан од полицијата, повреди четворица припадници на обезбедувањето и четворица верници.