3.8 C
Skopje
понеделник, март 3, 2025

Од Министерството за финансии велат понудивме покачување на платите на вработените во Државниот испитен центар

Министерството за финансии во врска со барањето на вработените во Државниот испитен центар (ДИЦ) за измени на Колективниот договор упати до нив предлог решенија кои овозможуваат раст на платите на вработените, одговорија од министерството за МКД.мк по прес-конференцијата на ДИЦ на која беше речено дека штрајкот продолжува затоа што и од Министерството за финансии и од вицепремиерот Фатмир Битиќи добиле идентични, како напамет научени понуди, но кои, како што рекое, се непристојни.

Од Министерството за финансии за МКД.мк велат дека се предлага решение со кое платите на вработените во ДИЦ да се усогласат со платите на административните службеници согласно Законот за административни службеници и законските прописи во Македонија.„Од вицепремиерот Фатмир Битиќи добивме идентичен, како напамет научен текст на предлози, ист како од министерот за финансии и за образование. Ни нудат да добиваме К-15 кои пари законски ни следуваат, а досега незаконски не ги добиваме и за штго имаме поднесено пиостапка, а веројатно ќе има и приватни тужби против државата. Ни понудија линеарно покачување на платите за 2.000 денари, што би добиле половина од вработените, иако се бара различно покачување за различни позиции. Практично нашиот колетктивен дговор го прогласуваат за ништовен. Власта најде начини со ребаланс да го овозможи добивањето на покачување од 78 отсто на нивните функционерски плати, а не можат да создадат мал ребаланс за овие 30 вработени во Држаниот испитен центар“, рече на прес-конференцијата претседателката на синдикалната организација Емилија Бошковска.

Инаку, од ДИЦ денеска порачаа дека се повлекуваат од известувања за јавноста и новинарите ги упатија на надлежните министерства за секакво прашање од интерес за јавноста, а поврзано со испитниот центар или полагањето на матурата.