За Јокиќ и Кари нема место во првата петорка на НБА лигата, но за Дончиќ има!

Ѕвездата на Денвер Нагетс, Никола Јокиќ не се најде во најдобрата петорка на сезоната во НБА лигата.

Со оглед на тоа што Џоел Ембид неодамна беше прогласен за МВП, токму Камерунецот ја зазема позицијата центар во првата „петка“ во лигата заедно со Јанис Адетокумбо, Лука Дончиќ, Шај Гилџус Александер од Оклахома и асот на Бостон Селтикс, Џејсон Тејтум.

Во претходните две сезони кога Јокиќ беше биран за најкорисен играч, Ембид паѓаше во втората петорка, па сега имаме обратна ситуација, поточно Србинот е во вториот најдобар тим за актуелнава кампања.

Од наредната година Ол-стар тимот нема да се бира по позиција, односно нема автоматски да се случува тоа што изминативе години им се правеше на Никола и Џоел.

Во втората петорка освен ѕвездата на Денвер се и Стеф Кари, Џими Батлер, Донован Мичел и Џејлен Браун. Третиот состав пак ги Леброн Џејмс, ДиАрон Фокс, Демиан Лилард, Џулиус Рендл и Литванецот од редовите на Кинс, Домантас Сабонис.