
Никола Јокиќ доби 99 од можни 100 гласови од комисијата на спортски новинари и телевизиски куќи за влез во идеалната петторка на НБА лигата за сезоната 2022/23. Прашање беше кој е единствениот кој се одлучил да не даде глас за центарот на Денвер во сезоната во која има во просек 24,5 поени, 11,8 скока и 9,8 асистенции по натпревар, а неговиот тим имаше втор најдобар скор од победи и порази во НБА лигата. И откриено е дека тоа е Марк Џексон.
Во неговиот избор се нашле, Џоел Ембид (Филаделфија), Јанис Антедукомбо (Милвоки), Џејсон Татум (Бостон), Александер (Оклахома) и Донован Мичел (Кливленд).
Џексон, кој е поранешен плеј на Њујорк, Индијана, ЛА Клиперс…, а подоцна и тренер на Голден стејт, сега е аналитичар и коментатор на ЕСПН. Се извини поради тоа што го направил и признава дека погрешил.
„Може да видите дека ставив еден центар, двајца крилни играчи и двајца дефанзивци. Не размислував. Се извинувам на Денвер и на Никола Јокиќ, кој не само што мора да биде во секој избор за МВП на лигата, туку е и еден од најдобрите кошаркари во историјата на НБА. Згрешив, тоа е факт“ – истакна Џексон.