
Европската унија мора да го забрза снабдувањето на Украина со муниција, бидејќи на украинските сили секојдневно им се потребни 1.000 артилериски гранати само во борбите за Бахмут, изјави во саботата претставникот на ЕУ за надворешни работи и безбедност Жозеп Борел.
Пред почетокот на неформалниот состанок на шефовите на дипломатиите на земјите членки на ЕУ (познат како Gymnich) зборуваше украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба и најави дека централна тема ќе биде артилериската муниција со долг дострел и дека на Киев му е потребна поголема поддршка за одбрана од руската инвазија.
„Дмитро Кулеба ни ја појасни ситуацијата на теренот. Во областа на Бахмут на истокот на земјата во епицентарот на борбите со руските сили на Украина дневно ѝ се потребни 1.000 артилериски гранати дневно (…) што доволно зборува за интензитетот на борбите“, коментираше Борел.
Запрашан на кој начин ЕУ би можел да ги забрза испораките на муниција, Борел одговори дека земјите членки мора да посегнат по сопствените залихи и да го надминат логистичките предизвици.
Во март министрите го одобрија планот во износ од најмалку две милијарди евра за на секои 12 месеци Украина да биде снабдувана со милиона парчиња артилериска муниција и проектили. Планот би требало да се заснова на снабдувањето на Украина од залихите на земјите членки на ЕУ и на заедничките нови нарачки.
„На Украина особено ѝ е потребна муниција со долг дострел, бидејќи Русите бомбардираат од голема оддалеченост“, рече Борел и додаде дека „Украинците мора да достигнат ист дострел“.
Германија во саботата најави испраќање воена помош за Украина во износ од 2,7 милијарди евра, што е најголемиот пакет воена помош од почетокот на војната. Берлин вери и дека ќе продолжи да му дава поддршка на Киев.
Борел ја поздрави веста за големата германска воена помош и истакна дека би „требало да се забрзаат испораките и да се обноват сопствените залихи“.
„Доколку не ѝ пружиме помош на Украина, таа нема да може да се брани. Егзистенцијата на независна и суверена земја е доведена во прашање поради војната којашто ја започна Русија“, рече Борел.