
Моника Белучи, која во моментов може да се види во комедијата Mafia Mamma, е во преговори да глуми во Beetlejuice 2, во режија на Тим Бартон, кој го режираше и оригиналниот филм од 1988 година.
Ворнер Брос моментално е во потрага по актерска екипа бидејќи филмот треба да започне со снимање овој месец.
Џена Ортега, ѕвездата на серијата на Нетфликс, ја предводи актерската екипа, со Мајкл Китон, кој ја игра Битлџус и Винона Рајдер, која се враќа како Лидија Диц, кои ги повторуваат нивните улоги во филмот. Меѓу повратниците е и Кетрин О’Хара, а едно од новите лица е Џастин Теру.
Иако деталите се чуваат во тајност, познато е дека Белучи ќе ја игра сопругата на Битлџус, а Ортега ќе ја игра ќерката на Лидија Диц, пренесува The Hollywood Reporter.
На филмот ќе работи продуцентската куќа на Бред Пит, План Б. Сценариото го напишаа Ал Гоф и Мајлс Милар, креаторите на серијата на Нетфликс.
Белучи е светски позната по улогите во филмовите Malèna, Brotherhood of the Wolf, Matrix, James Bond: Spectre. Таа моментално глуми заедно со Тони Колет во комедијата Mafia Mamma.
Ворнер Брос. објави дека Beetlejuice 2 ќе излезе на 6 септември 2024 година.