
Тренерот на грчки Олимпијакос, Јоргос Барцокас е избран за најдобар тренер на годината во Евролигата.
Барцокас доби најмногу гласови од неговите колеги, односно на овој начин остана ја врвот, ја задржа круната затоа што и во претходната кампања го доби признанието „Александар Гомељски“.
Јоргос го предводеше Олимпијакос до првото место во регуларниот дел од Евролигата, а потоа му помогна и да се пласира на завршниот турнир во Каунас и тоа откако со 3-2 беше совлада Фенербахче.
Ова за грчкиот стратег е трета ваква награда во кариерата со што се израмни со легендарниот Жељко Обрадовиќ кој пак заврши на втората позиција во трката за признанието во натпреварувачката 2022/2023.