
Над речиси 900 лица во дваесет земји во 2022 година извршена е смртна казна, што е најголема бројка од 2017 година, предупреди Amnesty International (AI) во годишниот извештај за смртните казни, осудувајќи го „смртоносните лудило“ во некои земји.
„Бројот на погубувањата во 2022-ра достигна највисоко ниво во последните пет години, а во тоа во најголем дел придонеле земјите на Блискиот исток и во северна Африка“ во коишто завладеало смртоносно лудило“, се истакнува во извештајот на Amnesty International.
Според податоците на оваа организација за човекови права, во 2022 година во дваесет земји смртната казна е извршена над 883 лица, што е раст од 53 отсто во однос на претходната година.
„Остриот раст на бројот на погубувањата, во кои не се пресметани најверојатно илјадниците погубени во Кина минатата година, може главно да им се припише на блискоисточните и северноафриканските земји, каде во 2021 година се егзекутирани 520, а во 2022 година дури 825“, се наведува во извештајот.
Во Саудиска Арабија „само во еден ден е погубен 81 затвореник“, вели Ањес Каламар, генерална секретарка на Amnesty International.
Таа го обвинува и Иран дека „во очајниот обид да го задуши народниот бунт им ги одзема животите на луѓето кои само го користеле своето прав на протест“.
Истовремено од Amnesty International истакнуваат дека вкупниот број луѓе над кои во 2022-ра е извршена смртна казна всушност е „значително поголем“ поради „тајноста со којашто е опкружено извршувањето на смртните казни во земјите како што се Кина, Северна Кореја и Виетнам“.
„Иако не го знаеме точниот бројна егзекутираните со смртна казна во Кина, оваа земја несомнено е предводник во бројот на погубувањата“, додаваат од Amnesty International.
Во оптимизмот се изразува и „нота на оптимизам“, бидејќи шест земји во 2022 година целосно или делумно ја укинале смртната казна. Имено, Казахстан, Папуа Нова Гвинеја, Сиера Леоне и Централноафриканската Република ја укинаа смртната кзан за сите кривични дела, а Екваторијална Гвинеја и Замбија само за кривични дела во граѓанското право.