
Според првичните информации, известувања за подметнати експлозивни направи биле испратени на имејл адресите на 78 основни и 37 средни училишта во белградските општини, соопшти Министерството за образование.
-Екипи на полицијата се на терен, учениците и вработените се евакуирани. Заради безбедност на учениците и вработените, наставата во прва смена беше прекината до завршување на полициската проверка, а некои училишта веќе се проверени и наставата се одвива без проблеми. Училиштата ќе ги информираат учениците и нивните родители за сите релевантни информации за наставата преку редовни канали за комуникација, велат од министерството/
Во комуникација со полицијата, директорите на училиштата ќе добијат информација кога ќе биде извршен увид во училиштето и ќе донесат одлука за попладневната смена.