
СВР Скопје – ЕВР Центар и Бит Пазар поднесе кривична пријава против С.И.(63) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“.
-На 02.03.2023 во казино на бул.„Крсте Мисирков“ во Скопје, пријавениот со закана со пиштол кон вработениот одзел пари од дневниот промет. По преземени мерки и активности тој бил лишен од слобода и со судска наредба бил извршен претрес во неговиот дом, информира МВР.
Со кривичната пријава С.И. бил изведен пред судија на претходна постапка, од чија страна на лицето му е одредена мерка домашен притвор.