Променливо облачно со сончеви периоди и повремени врнежи

Времето во Македонија во средата ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со повремени врнежи од дожд, а на повеќе места ќе биде и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на краткотрајно невреме, проследени со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и услови за изолирана појава на град.

Утринските температури се движат од 5 до 13, а максималните дневни ќе бидат во интервалот меѓу 15 и 24 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината ќе преовладува променливо облачно со сончеви периоди, попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме. Тмепратурата до 23 степени.