
Левиот бек на Партизан, Стефан Петриќ, се наоѓа пред потпис со тимот на Вардар, пишува „Моцарт Спорт“. Иако за Петриќ има интерес од португалскиот Порто, сепак и македонскиот тим е во игра и има поголеми шанси да го добие неговиот потпис.
Младиот лев бек, кој е син на поранешниот играч на Вардар, Владимир Петриќ, во јуни го завршува својот четиригодишен престој во Партизан и се подготвува за нов предизвик во кариерата.
Владимир Петриќ ја заврши кариерата во Вардар во 2015 година, а дојде во 2011 во времето кога „црвено-црниот“ тим беше се уште под палката на Михајло Михајловски, како што е и сега.
Вардар го очекува реконструкција на тимот ова лето, а потврдено е доаѓање на уште еден Србин, левото крило Марко Срдановиќ. Нема да биде изненадување ако уште некој српски интернационалец се пресели во Скопје.