„Двојно е намален увозот на струја, одиме кон целосна енергетска независност“, рече Николовски

„Ако претходно сме увезувале 30% електрична енергија, оваа зима придонесе тој процент се намали на 11-12% на крајот од грејната сезона во увоз на струја. Многу важен момент се фокусиравме да се увезуваат материјалите на електрична енергија, отколку да се фокусираме да увзеуваме на електрична енергија“, рече Дарио Николовски, директорот на Агенцијата за енергетика на гостување во ТВ21 во емисијата 10МИНУТИ.
Николовски исто така кажа дека целта е да станеме енергетски независна земја.
„Со оглед дека имаме одлична положба, имаме сонце, ветер и вода, и дел од политиките кои се спроведуваат, тоа е целта, да бидеме целосно енергетски независна земја. Тоа е процес кој ќе се случува и очекувам да дојдеме до реализација на таа цел“, вели Николовски.