РЦУК – Скопје: Утре повеќе планирани прекини на струја и на вода

Регионалниот центар за управување со кризи Скопје, врз основа на добиените информации од ЕВН Македонија и ЈП Водовод и канализација, ги известува граѓаните дека:
Поради планирани технички интервенции во електро-дистрибутивната мрежа на ден 19.05.2023 година, без ел. енергија ќе останат следните корисници:
– Во период од 14,00ч до 15,00ч дел од ул. Славка Динкова, дел од ул. Иван Хаџиниколов о.К. Вода
– Од 07,15ч до 15,30ч корисниците на ул. Методија Митевски зграда бр.9, бр. 10, бр13, ул. Никола Малешевски, дел од ул. Македонска Косовска Бригада, дел од ул Втора Македонска Бригада и ул. Аугуст Цезарец зграда бр.1 и бр.5 ( о. Чаир).
Поради плнирани технички интервенции на водоводната инсталациска мрежа, на ден 19.05.2023 година без водоснабдување ќе останат следните корисници:
– Поради изведување на водоводен приклучок Ф 160мм.. на Бул. Партизански Одреди крак 3 бр.2 н. Карпош, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од Бул. Партизански Одреди зградите бр.143 и бр.145 и двете нови згради во близина (о. Карпош). Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување на интервенцијата.