
Најдобрата машка одбојкарска репрезентација на Македонија во периодот кој следи ја очекуваат два големи настани, Европската златна лига и Европското првенство.
По освојувањето на четирите сребрени и две бронзени медали во единствената Европска, а потоа и во т.н. Европска сребрена лига, нашите најдобри одбојкари сега предводени од новиот селектор Јошко Миленкоски ќе бараат добар резултат и во Европската златна лига.
„Црвено-жолтите“ се наоѓаат во групата „Б“ заедно со селекциите на Белгија, Украина и Хрватска. Првиот меч избраниците на селекторот Миленкоски ќе го играат на гостински терен против Украинците во полскиот град Лоѓ.