
Денвер Нагетс поведоа со 2-0 во финалето на плејофот на Западната конференција на НБА, откако ги совладаа Лос Анџелес Лејкерс со 108:103.
Откако победија со 132:126 во првиот меч од финалето на Западот, Нагетс беа подобри и во вториот меч, победувајќи со 108:103. Серијата сега се сели во Лос Анџелес каде се закажани следните два натпревара, првиот на 200ти мај, а вториот два дена подоцна.
Првата четвртина заврши нерешено (27:27), но кон средината на втората четвртина гостите стигнаа до 11 поени предност (45:34). Денвер до полувремето намали на пет поени негатива (53-38). Лејкерси беа во водство речиси цела трета четвртина, во еден момент повторно имаа +11 (68:57), но предноста ја загубија на почетокот на последната делница.
Денвер брилијантно влезе во последната четвртина и по пет минути игра имаше 12 поени плус (96:84).
Лејкерси не се предадоа и на влезот во последната минута ја намалија негативата на само два коша (101:99). Благодарение на кошевите на Џамал Мареј од линијата за слободни фрлања, домашните ја зголемија предноста и извојуваа победа. Мареј имаше дури осум слободни фрлања во последните 50 секунди, погодувајќи седум од нив.
Мареј беше одлично расположен, постигна 37 поени, од кои 23 во последната четвртина. Ддодаде и 10 скока, пет асистенции и четири украдени топки.
Српскиот центар Никола Јокиќ забележа нов „трипл-дабл“, 23 поени, 17 скока и 12 асистенции, додека Мајкл Портер додаде 16 поени и седум скока.
Тимот од Колорадо го има најдобриот учинок на домашен терен оваа сезона, 41 победа и осум порази, вклучително и скор од 8-0 во плеј-офот. Нагетс никогаш во својата историја не биле толку блиску до финалето на НБА, а нивниот тренер Мајкл Мелоун е вознемирен што Лејкерси го привлекле целото внимание.
Леброн Џејмс и Остин Ривс постигнаа по 22 коша во противничките редови. Џејмс имаше и 10 скока и девет асистенции. Руи Хачимура постигна 21 поен, а Ентони Дејвис додаде 18 поени и 14 скока.
Во финалето на Источната конференција, кошаркарите на Мајами Хит водат со 1-0 во победите против Бостон Селтикс