
СВР Охрид поднесе кривична пријава против В.М.(72) од Скопје, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.
Тој, на 16.03.2023 на социјалната мрежа Фејсбук, објавил коментар со кој повикувал на насилство и ширел говор на омраза.