
По кусо боледување ноќеска на 72 години почина кралот на ромската музика, Ферус Мустафов.
Мустафов ќе биде погребан во Штип, каде е роден и каде последните години живеел со семејството.
Ферус имаше мозочен удар на 26 април и оттогаш беше во болницата „8 Септември“.
Мустафов е роден во Штип во ромско семејство на музичари. Неговата професионална кариера започнала на седумнаесетгодишна возраст, додека студирал виолина и кларинет.
Мустафов беше многу популарен во својата земја поради неговиот репертоар на балканска народна и ромска свадбена музика.