
Руските сили во текот на ноќта го нападнаа источниот украински град Дњепар со 16 проектили и 20 дронови, соопшти денеска украинската армија.
Нападите врз војниците и инфраструктурата беа извршени со различни видови ракети и дронови Шахед од иранско производство, објави генералштабот на Фејсбук.
Тие тврдат дека украинскките сили ги уништиле сите беспилотни летала и четири крстосувачки ракети.