
Денеска, в.д. директорот на ЈСП Скопје, Крсте Петревски, го потпиша договорот со приватните превозници, а веќе од утре 105 автобуси ќе сообраќаат на скопските улици.
Приватните превозници ќе ги опслужуваат линиите: 23, 45, 61, 63, 73, 9, 11, 11A, 12, 47A, 55, 19, 20, 22, 52, 54, со 105 модерни автобуси кои ги исполнуваат еколошките стандарди согласно јавниот повик.
-Со новиот начин на работа и стандардизацијата во јавниот превоз, граѓаните ќе добиваат квалитетна и навремена услуга, а буџетите на Град Скопје и ЈСП Скопје ќе бидат заштитени од злоупотребите и самоволието кое во минатото било пракса, велат од ЈСП.