
Американската пејачка Тина Тарнер, почина на 83-годишна возраст, соопшти нејзиниот портпарол.
„Тина Тарнер, кралицата на рокенролот почина денеска на 83 години после тешко и долго боледување во својот дом во Цирих, Швајцарија“, кажа портпаролот.
Тина Тарнер е родена како Ана Мае Булок, е една од најпознатите пејачки на денешницата.
Во текот на кариерата освои осум Греми награди. Магазинот Ролинг Стоун ја смести Тарнер на листата бесмртни – најголеми изведувачи на сите времиња.
Таа е една од најпопуларната и најуспешната жена рок изведувач на сите времиња со продадени 200 милиони албуми.