
22-годишна девојка била нападната од ајкула и останала без нога додека нуркала на Карибите.
-Американката е пренесена во болница во тешка состојба, соопшти локалната полиција.
Нападот се случи во чисти и мирни води и беше наречен неиспровоциран и случаен, соопшти Big Blue Collective, компанија за еко-авантура и спортови на вода на островите Туркс и Каикос.
Жртвата и нејзината пријателка биле на приватна екскурзија.