
На 28.05.2023 во 17:20 часот било пријавено дека на локален пат во с.Тромеѓа, кумановско, трактор управуван од малолетничка од с.Тромеѓа излетал од патот и паднал во канал.
На местото на несреќата починал сопатникот М.С.(63) од с.Младо Нагоричане, а од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт.
Со телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Општата болница Куманово.
Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Куманово.