
Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека е во процес на изработка на Регистар на здруженијата на граѓани и фондации во Република Северна Македонија што работат на полето на заштита на животната средина и природата во кој ќе бидат класифицирани по приоритетни области на интерес. На овој начин МЖСПП ја подобрува комуникацијата со невладиниот сектор и очекува поефикасна соработка.
За регистрирање, потребно е заинтересираните здруженија на граѓани и фондациите да го пополнат Образецот за регистрација што е достапен веб-страница на Министерството за животна средина и просторно планирање.