Во првото тримесечје негативен природен прираст од 1.557 лица

Бројот на живородените деца во првото тримесечје од 2023 година, во споредба со истиот период лани, е намален за 8. 8 % и изнесува 3.656 живородени деца, соопшти Државниот завод за статистика.

Бројот на умрените лица, пак, во првото тримесечје од 2023 година бележи намалување од 29. 5 % во споредба со истото тримесечје од 2022 година и изнесува 5 233 лицa, а од нив пет се умрени доенчиња.

Природниот прираст е негативен, минус 1.577 лица што значи, за толку лица бројот на живородените деца е помал од бројот на умрените лица.

Бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината е намален за 2. 9 % во споредба со истиот период од2022 година и изнесува 2 396 бракови.

Во ова тримесечје се добиени 336 извештаи за разведени бракови, што претставува намалување од 26. 8 % воспоредба со истото тримесечје од 2022 година.