
На 30.05.2023 околу 17:30 часот во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 18-годишниот Н.А. од Штип, со живеалиште во Радовиш.
Тој се сомничи дека околу 13:45 часот во парк на ул.„Живко Брајковски“ во Гостивар одзел паричник од малолетничка од Гостивар.
По целосно документирање на случајот на Н.А. ќе му биде изготвен поднесок.