
ЈП Водовод и канализација – Скопје, известува дека на ден 01.06.2023 година (четврток), :
• поради изведување водоводен приклучок на водоводна мрежа со пречник од ф-100 мм, на ул. Зеничка бр. 3, од 08:30 часот до завршување со работните активности, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: Зеничка, Коце Металец, Тајмишка , Душан Тасковиќ и Филип Филиповиќ (Општина Гази Баба).
• поради изведување водоводен приклучок на водоводна мрежа со пречник од ф-300 мм, на ул. 388 (кај Универзитетот – Мајка Тереза), од 09:00 часот до завршување со работните активности, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: 376, 378, Кемал Сејфула и Самоилова (Општина Чаир).
• поради зафати во водоводната мрежа (промена на затворач) на ул. Бутелска бр. 2/15, од 09:00 часот до завршување со работните активности, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од ул. Бутелска, поточно краците бр. 2, 4, 6 и 8 (Општина Бутел).
• поради изведување водоводен приклучок на водоводна мрежа со пречник од ф-100 мм, на ул. Козле 3 бр.18, од 09:00 часот до завршување со работните активности, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населбата Средно Нерези (Општина Карпош).