
Дали по одмрзнување на цените ќе следи покачување на цената прехранбените производи, особено кај лебот? Горан Ѓорѓиевски од Агро-бизнис комората при Сојузот на стопански комори во разговор за ТВ 24 вели дека понудата и побарувачката ќе ја одредат цената на финалниот производ.
Потенцира дека во моментов ќе има стагнација на цената но и делумна можност за намалување на цените. Покачувањето на цените на струјата може да да ја зголеми цената на крајниот продукт.
Од Агро-бизнис комората потенцираат дека треба да се има во предвид и фактот дека ако државата помогне на бизнисот секогаш ќе постои тенденцијата цените да бидат колку што е можно со пониска вредност за крајните потрошувачи.