
Силно невреме со пороен дожд и грмежи вчера го зафати и регионот на Кавадарци.
Видео снимки се споделуваат по социјалните мрежи од поројните дождови кои предизвикаа и поплави во подрумските простории на станбени но и деловни простории.
Врнежите предизвикаа и проблеми во сообраќајот поради тоа што беа поплавени дел од сообраќајниците.
Проблеми беа регистрирани и со градскиот одвод.